Собраниските комисии денеска ќе одржат седници на кои ќе разгледуваат повеќе предлог-закони… Собраниските комисии денеска ќе одржат седници на кои ќе разгледуваат повеќе предлог-закони од областа на економијата, финансиите, здравството, земјоделството, транспортот, безбедноста, локалната самоуправа и јавната администрација. Најавени се седници на комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за локална самоуправа, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за финансирање и буџет, за култура и туризам, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за социјална политика, демографија и млади, како и на Законодавно-правната комисија. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправа за измените на законите за задолжителни нафтени резерви, Геолошкиот завод на Македонија, државната статистика, метрологијата и инспекцијата на труд, како и за измените и дополнувањата на законите за основање на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Државниот пазарен инспекторат и технолошко-индустриските развојни зони.