Да го чуваме делото на Петре М. Андреевски, не како спомен на… Да го чуваме делото на Петре М. Андреевски, не како спомен на еден голем писател, туку како живо наследство што им го оставаме на оние што доаѓаат по нас зашто ако не учи нешто Андреевски, тоа е дека може да се скрши човекот, може да се покоси полето, може да помине времето, но она што има корен, повторно никнува како Пиреј. Со оваа порака денеска Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ја одбележа 20-годишнината од смртта на овој голем македонски великан кој зад себе остави врвни дела коишто се читаат и цитираат и ден денес. Директорката на Библиотеката Анета Механџиска со порака – се додека неговата книга се отвора, неговиот глас не замолчува.