Веќе осум месеци имаме разговор и дијалог што не вродува со сериозен… Веќе осум месеци имаме разговор и дијалог што не вродува со сериозен плод, а тоа е состојбата со македонските превозници. Ние можеме овде да зборуваме што сакаме, но ако нема начин како добро да ја изнесеме стоката од Македонија во Австрија и од Австрија во Македонија, бесполезно разговараме. Кога дојдов на оваа позиција, да ме прашаше некој кој е најапсурдниот проблем со кој ќе се соочам, овој немаше да биде на листата од сто во 21 век, со признати либерализации, со земја кандидат за членство во ЕУ, која ги почна преговорите, да разговараме дали македонски превозник, кога ќе се качи во камион, треба да ги брои деновите, часовите и минутите колку престојува и да брза да се врати назад, а ако не се врати, да биде прашање дали возачот ќе замине зад решетки.