„1.0 | 0 | 0Ако тогаш, на 8 септември 1991, ден кога секогаш ме облева чувство на среќа, но и по некоја солза од радост, почнавме да градиме независна држава - свој Устав, свои закони, пари, знаме, институции, инфраструктура... а со текот на годините постојано се боревме за зачувување на македонскиот идентитет, културата, јазикот, верата и она што најмногу нè боли - името, денес сме соочени со една нова современа реалност - да се изградиме и да се зачуваме себеси не само во онлајн-просторот туку да постигнеме целосна дигитална независност.
Дигитален суверенитет или независност за многумина ќе звучи невообичаено, неразбирливо или дури можеби и како научна фантастика, но Македонија мора да оди во чекор со она што го носи технологијата.