„Мицкоски не сака да сме во ЕУ – ниту нешто се разговара, ниту има за што да се разговара, иако се знае кој е патот“ – лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче го критикува курсот по кој се движи земјава. Според него, власта намерно ја држи Македонија изолирана со што остануваме слепо црево на Балканот, иако ЕУ праќа јасни сигнали дека има подготвеност за проширување на блокот. Според него, тапкањето во место резултира со сиромаштија на граѓаните, иселување на младите кои земаат бугарски пасоши, а Македонија останува и без финансиска помош од Брисел.