Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни. Најниска температура до 17 и 30 часот беше измерена на Попова Шапка четири степени, во Крушево и Маврови Анови пет, во Берово и во Прилеп 9, во Претор, Крива Паланка и во Битола – 10, во Охрид – 11, во Тетово, Зајчев Рид, Виница, Кавадарци и Штип – 12, во Демир Капија, Струмица, Велес и Скопје Петровец – 13 и во Гевгелија 15 степени.