Наместо класично предавање, учесниците ќе истражуваат археолошки предмети и реплики, ќе работат со мапи и визуелни материјали, ќе решаваат предизвици и ќе учествуваат во авторски игри преку кои постепено ќе го откриваат светот зад „Илијада“ и „Одисеја“. Доживувањето ги поврзува Кокино, микенскиот свет, Троја, Пајонците и археолошките предмети од музејската поставка во една заедничка приказна. Дел од програмата се и две авторски игри: „Патот на Сонцето“, инспирирана од Кокино, и стратешката игра „Светот на Хомер“.