Одбраната постави и прашање дали левата галерија над бината се поврзува во иста точка со меѓукатната конструкција во приземјето, на што Марковски одговори дека не е сигурен, но посочи дека галериите додадени во 2012 година и отстранети во 2024 година влијаеле врз конструктивните елементи.
„Со изведувањето на градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, и распит на вештите лица што го изработил, како што е најавено, треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството, по што одбраната треба да почне со изведување докази.