Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, предводеше владината делегација на чествувањето на Илинден во Смилево, при што истакна дека Илинден претставува вредносен систем и трајна обврска за сите македонски генерации, нагласувајќи го непокорот, слободата и иднината како клучни поими за македонскиот народ Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски , денеска ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 2 Август – Илинден во Смилево, Демир Хисар. Во состав на владината делегација беа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, и заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јакимоски. Делегацијата положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на повеќе локации во Смилево, оддавајќи им почит на илинденците и на сите генерации што се бореле за слободна, независна и достоинствена Македонија.