Од Министерството за односи меѓу заедниците информираат дека денеска во Клубот на пратеници ќе се одржат неколку панел-дискусии, а утре ќе се одржи главниот настан во 19:30 часот на Камениот мост – Скопје. На панел-дискусијата на темата „Охридскиот рамковен договор и патот кон европската интеграција“ ќе говорат Кларис Пасзтори, дипломатка на ОБСЕ со долгогодишно искуство Од Министерството за односи меѓу заедниците информираат дека денеска во Клубот на пратеници ќе се одржат неколку панел-дискусии, а утре ќе се одржи главниот настан во 19:30 часот на Камениот мост – Скопје. На панел-дискусијата на темата „Охридскиот рамковен договор и патот кон европската интеграција“ ќе говорат Кларис Пасзтори, дипломатка на ОБСЕ со долгогодишно искуство на Западен Балкан, Биљал Касами, градоначалник на Општина Тетово, Костадин Костадинов, поранешен градоначалник на Општина Струмица, Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања и Азиз Положани, поранешен дипломат и универзитетски професор.