Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која дискутираше за посетата на македонската делегација на Њујорк и истакна дека средбите се значајни за продлабочување на партнерските односи и создавање услови за идни инвестиции и економска соработка и оцени дека земјата се гледа како сериозен партнер од На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која дискутираше за посетата на македонската делегација на Њујорк и истакна дека средбите се значајни за продлабочување на партнерските односи и создавање услови за идни инвестиции и економска соработка и оцени дека земјата се гледа како сериозен партнер од страна на САД и дека Владата, преку дипломатските активности, работи на градење пријателски односи и отворање нови можности на политички и економски план.
За жал, бевте толку катастрофални во владеењето, да оставивте таков пустош, што во моментов, не само што не можеме да постигнеме да ги поправиме грешките, и дупките коишто ги оставивте, туку мораме да размислуваме неколку чекори нанапред, за да можеме брзо да го постигнеме, тоа што ни е целта – кажа Митева.
„Митева истакна дека, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, има јасно поставена цел за подобрување на животниот стандард и економската состојба во земјата, а посочи и дека за остварување на таа цел е потребен долгорочен план и конкретни политики во повеќе области.
Затоа што имаме план, затоа што знаеме како се гради економска стабилност, затоа што знаеме како се градат инфраструктурни проекти, како се прават образовни политики, коишто нема да прават вакви штети какви што имаме денес.
„Знаеме како се прават и закони, кои што се посветени на борба против криминалот и корупцијата“, рече Митева и додаде: „Но најголемата штета е тоа што сето тоа што ќе го наследите вие или друга политичка партија, како што го уништивте пред седум години, така ќе го уништите повторно, затоа што немате способност за работа, не ве интересира, затоа што сметате дека власта ви е подарена, а не треба да работите за истата, затоа што кога сте на власт си играат фудбалчиња по кабинети, и затоа што капацитетот на раководење на СДС во рамки на владата е еднаков на нула“ Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Анализа“ на телевизија 24, се осврна на состојбите во економијата, владеењето на правото и политиките Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.