Просто е неверојатно со каква леснотија, лажно душегрижништво, лицемерие и уличарски наратив… Просто е неверојатно со каква леснотија, лажно душегрижништво, лицемерие и уличарски наратив СДС, партијата што целосно ја урниса македонската енергетика и ги запусти клучните енергетски капацитети денес се обидува да пласира дегутантни ставови поврзани со енергетските политики и потенцијалните инвестиции. Истата таа партија, ги затрупа рудниците за јаглен со земја, душмански ги уништи рударско-енергетските комбинати Битола и Осломеј и го оставија АД ЕСМ да тоне во катастрофални загуби и долгови, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. За тоа што правеле седум години со најголемата државна компанија, доволно говорат двата последователни ревизорски извештаи од Државниот завод за ревизија, оној за работењето од 2017 до 2021 година, како и најновиот ревизорски извештај објавен вчера, кои црно на бело го потврдуваат нивното расипничко, криминално и недомаќинско однесување.