ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите зашто пет години си играа со нивните чувства и емоции, да им се извинат и на граѓаните зашто пет години ширеа лажни вести и го загадуваа јавниот простор со невистини – рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со вчерашната одлука ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите зашто пет години си играа со нивните чувства и емоции, да им се извинат и на граѓаните зашто пет години ширеа лажни вести и го загадуваа јавниот простор со невистини – рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со вчерашната одлука на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници. Филипче на прес-конференција истакна и дека СДСМ е секогаш подготвен за избори, но за предвремените парламентарни, за кои сè почесто се зборува, нема да ѝ биде, како што напомена, алиби на ВМРО-ДПМНЕ. Тој се осврна и на училишната кочничка квалификувајќи ја како ПР-трик.