Владата не знае да воспостави правила во откупот, не знае да обезбеди позиција од која производителот нема да биде најслабата алка во синџирот Месец дена откако Мицкоски ја прогласи земјоделската политика за „консолидирана“, сточарите повторно се на раб на протест Владата се обидува да ја сокрие суштината зад најавата за „исплата до крајот на август“ Владата не знае да воспостави правила во откупот, не знае да обезбеди позиција од која производителот нема да биде најслабата алка во синџирот Месец дена откако Мицкоски ја прогласи земјоделската политика за „консолидирана“, сточарите повторно се на раб на протест Владата се обидува да ја сокрие суштината зад најавата за „исплата до крајот на август“ Мицкоски во јули свечено објави дека по две години власт ДПМНЕ успеало да го „консолидира“ земјоделството, иако, нели, наследиле „катастрофална состојба“ во која земјоделците не добивале субвенции. Еве ја „консолидацијата“ два месеци подоцна: сточарите повторно бараат итна средба со премиерот, повторно предупредуваат на протести и повторно бараат исплата на субвенции што одамна требало да им бидат исплатени. Претходно, струмичките производители на пиперка мораа да излезат на улица за да бараат нормални услови за откуп, по што Владата излезе со некаков наводен „договор“ со откупувачите кој не содржеше никаква законска гаранција дека договорените цени ќе бидат исплатени, се вели во соопштението на ПП Левица што ви го пренесуваме во целост: -Значи, месец дена откако Мицкоски ја прогласи земјоделската политика за „консолидирана“, сточарите повторно се на раб на протест, а Владата повторно ветува дека ќе исплати нешто што веќе им го должи.