Изразените температурни разлики меѓу денот и ноќта, оосбено во септември и октомври, носат ризик од појава на рани есенски мразеви. Иако се генерално со помал интензитет и предизвикуваат помала штета во споредба со доцните пролетни мразеви, сепак можат сериозно да ги оштетат доматите, пиперките и краставиците кај кои сè уште има плодови на отворено, но на удар се и несобраното овошје, како и лозовите насади, предупредуваат агрометеоролозите. Тие апелираат, земјоделците да ги соберат сите дозреани плодови на отворено и навреме да ги преземат превентивните агротехнички мерки.