Јаболката и крушите спаѓаат меѓу најчесто избраното есенско овошје, а иако се нутритивно многу слични, разликите во содржината на влакна, витамини, антиоксиданси и други корисни соединенија им даваат различни предности „Изреката „едно јаболко дневно го држи лекарот подалеку“ веројатно е еден од најуспешните слогани во историјата на исхраната, па јаболката добија силен имиџ на здраво овошје. Но, кога ќе ги споредите според нутритивните вредности, крушите котираат многу добро, а во одредени области дури имаат и предност – вели Мери Моравец, регистрирана нутриционистка и готвачка. Двата вида овошје се богати со влакна, имаат релативно малку калории и содржат антиоксиданси и други корисни растителни соединенија.