Долгата, брановидна коса долго време беше заштитен знак на шпанската филмска дива, која веќе извесно време експериментира со различни варијанти на боб-фризурата, но сега, се чини, ја пронајде најдобрата можна. Шпанската актерка Пенелопе Круз деновиве престојува во Торонто, каде што присуствува на Меѓународниот филмски фестивал, а веќе ја видовме во неколку гламурозни изданија. Откако воодушеви со стилот на 83. Мостра, оскаровката продолжи да реди луксузни комбинации за црвениот тепих, кои главно ги потпишува Chanel, а во една прилика во фокусот беше нејзината едноставна, но многу ефектна фризура.