За време на Париската модна недела, колекцијата за следната пролет и лето ја претставил и најпопуларниот француски спортски бренд „Lacoste“ (Лакост) На автентично место, централниот терен на Ролан Гарос, околу кој се издигале бранови од црвена земја, потсетувајќи на наследството на основачот на модната куќа, се појавиле и многу познати лица: тениските ѕвезди Венус Вилијамс и Григор Димитров, оскаровецот Ејдријен Броди, но најголемо внимание привлекла секогаш атрактивната Ума Турман. Тоа била совршена сценографија за ѕвездата на франшизата „Kill Bill“ (Убиј го Бил). Главната протагонистка и онака изгледа како вчера да излегла од оној жолт костим, подготвена за нови авантури на бестрашната Невеста. Како да не поминале 23 години од големиот хит на Тарантино.