Американската пејачка и „кралица на попот“ Мадона била во посета на манастирот Варлам на Метеори во Грција, каде што поминала околу три часа и од игуменот на манастирот, отец Венедикт, побарала духовни совети Мадона во петокот пристигнала на Метеори од Крф, каде што престојува на одмор, во друштво на својот син и уште околу 12 лица, а според информациите на грчките медиуми, групата пристигнала со два хеликоптери, пренесе „Прототема“. Во манастирот Варлам, кој во времето на нејзината посета веќе бил затворен за јавноста, Мадона ја пречекале монасите и специјално го отвориле комплексот за нејзиниот престој. Пејачката поминала околу три часа на Метеори, од 16 до 19 часот по локално време, а манастирот го разгледала во придружба на двајца водичи.