Празни улици, затворени продавници, но и голем број ресторани и кафулиња – атмосфера карактеристична за 15 август во Атина, со оглед на тоа што денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, традиционално ја празни грчка метропола, а единствено, живост на градот му даваат туристите, додека целото внимание за прослава и одбележување на празникот е насочено кон Празни улици, затворени продавници, но и голем број ресторани и кафулиња – атмосфера карактеристична за 15 август во Атина, со оглед на тоа што денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, традиционално ја празни грчка метропола, а единствено, живост на градот му даваат туристите, додека целото внимание за прослава и одбележување на празникот е насочено кон островот Тинос. Во Грција денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица, празник со голема духовна, но и семејна тежина за Грците, кои го нарекуваат и „Летен Велигден“ и традиционално го поминуваат далеку од урбаните средини. Во Атина пак, за центарот на градот да не потсетува целосно на карантинот од периодот на пандемијата на Ковид-19, „задолжени“ се туристите, кои буквално ги преплавија сите туристички локации.