Кога луѓето замислуваат земја во кризa со дебелината, првата асоцијација најчесто е… Кога луѓето замислуваат земја во кризa со дебелината, првата асоцијација најчесто е Америка: фаст-фуд синџири покрај автопати, џиновски порции, седечки начин на живот. Сепак, според најновата рангирачка табела на Светската федерација за дебелина (World Obesity Federation), објавена преку нејзината платформа Global Obesity Observatory, светскиот врв не го држи ниту една западна индустриска сила, туку мал остров во централниот Пацифик со само единаесетина илјади жители – Науру. Табелата, ажурирана врз основа на проценките на NCD Risk Factor Collaboration (NCD-RisC), го дава следниов редослед кај возрасната популација: Ранг Земја / Територија Проценет удел дебели возрасни 1 Науру 72,7% 2 Кукови Острови 71,8% 3 Американска Самоа 71,6% 4 Токелау 68,1% 5 Тонга 65,2% 6 Ниуе 64,4% 7 Тувалу 58,8% 8 Самоа 53,4% 9 Француска Полинезија 48,6% 10 Микронезија 40,7% Веднаш зад нив, на 11. место со 40,4 отсто, се наоѓаат Соединетите Американски Држави, земја која во јавната свест често се смета за епицентар на кризата, но која статистички заостанува зад речиси цела Океанија.