Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Во петок (16 октомври) прв на сцената (во 16:00) ќе застане диџеј Бранчез , по него следуваат Нино Величковски и неговите тамбураши (17:00), Благица Павловска (19:00) и од 20:00 часот следува настапот на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд . Во сабота (17 октомври) музичката програма ќе стартува со диџеј Ерик Фокс (12:00), потоа на сцената ќе настапат тамбурашите Ѓезме (14:00), од 16:00 часот е закажан настапот на Александар Тарабунов , по него од 18:00 ќе настапи Александар Јосифовски , а вечерта, односно од 20:00 концерт ќе има Дамјан Стојаноски и неговиот оркестар.
„Неделата (18 октомври) е резервирана за група Коштана (12:00), Смиља Митревска (14:00), Огнен Здравковски (16:00), Ѓоко Танески (18:00) и од 20:00 следува настапот на еден од најбараните домашни диџеи Галоски . „Комплексот „Македонско село“ во подножјето на Водно од 16 до 18 октомври ќе биде домаќин на првото издание на Винскиот фестивал - Македонско село, кој под мотото „Вкуси ја Македонија во чаша“ ќе понуди три дена посветени на македонското вино, гастрономијата, музиката и традицијата“ - беше официјално обзнането пред претставниците на медиумите на вчерашната PRESS конференција која се одржа во етно комплексот.