Триесет и пет годишнината од независноста е повод да се осврнеме на… Триесет и пет годишнината од независноста е повод да се осврнеме на изминатиот пат, но и да одговориме каква држава сакаме да изградиме во следните децении, изјави денеска министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, на свеченоста „35 години независност – илјадници години приказни“, која по повод 8 Септември – Денот на независноста се одржа во Националниот археолошки музеј . На настанот, како што соопшти Министерството за култура и туризам, се обратија и премиерот Христијан Мицкоски и директорката на Музејот, Магдалена Манаскова. Оваа земја е наш заеднички дом, во кој сите заедници имаат право да го чуваат, развиваат и споделуваат својот културен идентитет. Различноста е богатство, а мултикултурноста е нашиот најголем демократски потенцијал – порача Сулејмани.