Долгометражниот документарен филм „Руини“ на режисерката Елена Чемерска ја добива македонската премиера на фестивалот „МакеДокс“.
„Филмот ги истражува темите за личната и колективната меморија, загубата и наследството преку процесот на реставрација на споменикот на слободата во Кочани По светската премиера на Шангајскиот интернационален филмски фестивал , долгометражниот документарен филм „Руини“ во режија и по сценарио на Елена Чемерска премиерно ќе биде прикажан пред домашната публика во рамките на 17. издание на фестивалот „МакеДокс“ , на 24 август во 21 часот, во Куршумли ан. Станува збор за интимен документарен филм за личната и колективната меморија, за загубата и наследството, во кој процесот на реставрација на еден споменик се претвора во патување низ сеќавањето и времето.