Еден од највпечатливите музички проекти на Оркестар DIVA, „Flowers Symphony“, и ова лето ќе ѝ донесе на публиката уникатно музичко доживување исполнето со италијански канцони, оперски арии и незаборавни филмски теми. Концертот ќе се одржи на 17 август 2026 година, со почеток во 21:00 часот, во Пациото на НУ Завод и Музеј – Битола, а веќе следниот ден, Еден од највпечатливите музички проекти на Оркестар DIVA, „Flowers Symphony“ , и ова лето ќе ѝ донесе на публиката уникатно музичко доживување исполнето со италијански канцони, оперски арии и незаборавни филмски теми. Концертот ќе се одржи на 17 август 2026 година , со почеток во 21:00 часот , во Пациото на НУ Завод и Музеј – Битола, а веќе следниот ден, на 18 август 2026 година , во истиот термин, проектот ќе биде изведен и во Долни Сарај – Охрид . Годинашното издание носи освежена и проширена програма, која ја спојува силата на симфонискиот звук со емоцијата на оперската музика, романтиката на италијанските канцони и впечатливоста на најпознатите филмски композиции.