На 29.09.2026 во 13:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ирина Гинова Мирка“ во Охрид, едно лице физички нападнало 73-годишно лице, двајцата од Охрид. Таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид и по целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР.