Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 19… Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 19 возачи поради сторено кривично дело безобѕирно управување возило по член 297-а од Кривичниот законик, велат од Министерството за надворешни работи. Од нив, поради возење под дејство на алкохол од слобода се лишени М.Р.(24) од скопско, Н.К.(23) од демирхисарско, Х.Т.(20) од Битола, Ф.А.(24) од Куманово, С.И.(33) од кумановско, З.Л.(49) од Свети Николе, Г.С.(45) од Делчево, Г.Ч.(48) од Кавадарци, 26-годишната К.Р. од Кавадарци и 34-годишната З.Б.П. од Велес, соопшти МВР. Осуммина управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.В.(47) и М.Ј.(23), двајцата од Скопје, Б.И.(20) од с.Драчевица, скопско, Р.Т.(18) од Гевгелија, З.Х.(59) од с.Локвени, прилепско, А.Р.(34) од с. Горна Речица, тетовско и двајца 16-годишници од гостиварско.