Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) разгледува можност за финансирање на два стратешки енергетски проекти во Македонија… Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) разгледува можност за финансирање на два стратешки енергетски проекти во Македонија со вкупно 51,7 милиони евра , додека вкупната вредност на проектите на МЕПСО и ЕСМ достигнува 119 милиони евра . За операторот на електропреносниот систем МЕПСО, ЕБОР разгледува заем до 18,6 милиони евра за модернизација на критичната преносна инфраструктура. Вкупната вредност на овој проект е 21 милион евра , а предвиден е и грант од 2,4 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Инвестицијата на МЕПСО опфаќа воведување нов централен SCADA/EMS систем , нови системи за сајбер-безбедност и поставување 400 kV трансформатор . Целта е да се зголемат сигурноста, стабилноста и ефикасноста на преносната мрежа, нејзината отпорност на сајбер-закани и капацитетот за интеграција на обновливи извори. Паралелно, ЕБОР разгледува и суверено гарантиран заем до 33,1 милиони евра за ЕСМ за изградба на првиот комерцијален самостоен батериски систем за складирање електрична енергија во земјата.