Во рамките на годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, Во рамките на годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенат. На средбите, како што соопшти Министерство за финансии, беше разговарано за досегашната соработка со овие меѓународни финансиски институции, тековните активности и проектите што се реализираат во земјата, како и можностите за натамошно унапредување на партнерството во поддршка на реформите и развојните приоритети на државата. Светската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области.