Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
ЛДП веќе понуди јасен и конкретен пакет-политики за заштеда на државните пари: од поврат на ДДВ за горива само за македонските граѓани и бизниси, преку итно укинување на измислените министерства, заменички позиции и преплатени управни одбори, па сѐ до одземање на четирите милиони евра што партиите ги влечат од буџетот за сопствени луксузи.
„Овие заштедени средства мора да се пренасочат онаму каде што се најпотребни — за заштита на стандардот на граѓаните, подобрување на здравството, за студентскиот оброк и за реално намалување на давачките, наместо да се трошат за задоволување на лични хирови за власт.