„1.0 | 0 | 0Одлуката на земјите од Групата седум (Г7) да ослободат нафта и дизел од нивните резерви за вонредни состојби може привремено да ги намали цените, но нема да го елиминира недостигот на рафинирани горива и ризиците за снабдувањето преку Ормуската теснина, сметаат експерти цитирани од ДПА и Ројтерс.
„Ослободувањето на резервите може да ги ублажи ефектите за некое време, но главниот проблем останува“, изјави Самина Султан од Германскиот економски институт (IW). Според неа, ефектот врз возачите ќе зависи и од количината на дизел што ќе биде пуштена на пазарот, што не беше наведено во соопштението на Г7. Според Оле Хансен, раководител на стратегијата за стоки во Саксо банка, главниот притисок врз пазарот на енергија повеќе не е поврзан толку со достапноста на сурова нафта, колку со снабдувањето со рафинирани производи.