Директорот Гоце Димовски оствари во средата средба со претставници на INEA, словенечка инженерска и технолошка компанија со седиште во Љубљана, на која беа разгледани можностите кои ги нудат Нехнолошк-индустриските развојни зони (ТИРЗ), како и активностите и плановите на компанијата за нова потенцијална инвестиција вредна минимум 15 милиони евра, со отворање на најмалку 100 нови работни Директорот Гоце Димовски оствари во средата средба со претставници на INEA, словенечка инженерска и технолошка компанија со седиште во Љубљана, на која беа разгледани можностите кои ги нудат Нехнолошк-индустриските развојни зони (ТИРЗ), како и активностите и плановите на компанијата за нова потенцијална инвестиција вредна минимум 15 милиони евра, со отворање на најмалку 100 нови работни места. Димовски ги претстави поволностите за странските инвеститори што ги нуди Дирекцијата за ТИРЗ во соработка со Владата, истакнувајќи ја стратешката локација на државата, современата инфраструктура, квалификуваната работна сила и пакетот на државни мерки за поддршка на инвестициите. Нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ е стабилен партнер на сите инвеститори во текот на целиот инвестициски процес, обезбедувајќи континуирана институционална поддршка од првичните разговори до реализацијата и понатамошниот развој на инвестицијата.