Денес во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода, по повод Светскиот ден на храната, се одржа едукативна панел-дискусија на тема „Електронска трговија на храна, медиумска промоција и рекламирање на храна, додатоци во исхраната и храна за спортисти – вистинска приказна или заблуда?“. Настанот, кој на едно место ги собра претставниците од Општина Кисела Вода, Агенцијата за храна … Денес во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода, по повод Светскиот ден на храната, се одржа едукативна панел-дискусија на тема „Електронска трговија на храна, медиумска промоција и рекламирање на храна, додатоци во исхраната и храна за спортисти – вистинска приказна или заблуда?“. Настанот, кој на едно место ги собра претставниците од Општина Кисела Вода, Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје, имаше за цел да ги отвори важните прашања за влијанието на дигиталните платформи врз изборот на храна и заштитата на здравјето на граѓаните. На настанот свое обраќање имаше градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, која истакна: „Ова не е тема која ги засега само младите луѓе и оние кои активно спортуваат и посетуваат теретани. Ова е прашање што допира до секое семејство.