На телевизија Телма во емисијата „Директно” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека американската турнеја на македонската делегација сè уште трае, а конкретните резултати од посетата допрва ќе се сумираат и анализираат и посочи дека средбите во САД се значајни за продолжување и зацврстување на стратешкото партнерство, но и за претставување. На телевизија Телма во емисијата „Директно” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека американската турнеја на македонската делегација сè уште трае, а конкретните резултати од посетата допрва ќе се сумираат и анализираат и посочи дека средбите во САД се значајни за продолжување и зацврстување на стратешкото партнерство, но и за претставување на македонските меѓународни позиции, барање поддршка и привлекување нови инвестиции во домашната економија. „Американската турнеја сѐ уште трае, така што ќе мора да ги сублимираме тие впечатоци, средби, да се изанализираат и да видиме што во конкретна смисла тоа ќе донесе, во онаа политичка смисла апсолутно посетата на нашиот стратешки партнер секогаш е битна од аспект да се продолжи стратешкиот дијалог и да се зацврсти партнерството, да се образложат нашите кредибилни меѓународни позиции, да се побара поддршка и да ја стави Македонија онаму каде што треба да биде, и нормално да побараме инвестиции во домашната економија и се она коешто ќе значи подобар живот на граѓаните“, рече Петрушевски.