Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со голем притисок поради растот на инфлацијата, што го поттикна да преземе низа мерки – од вршење притисок врз сојузниците да ги отворат стратешките резерви на нафта, до ублажување на еколошките прописи за користење гориво кај работните машини.
„Цените на нафтата малку паднаа во петокот наутро, бидејќи инвеститорите ги проценуваа ризиците на Блискиот Исток и можните потези на САД за ублажување на ограничувањата за „флотата на танкери во сенка“.