Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека е распишана тендерската постапка за предквалификација за проектот за брз автобуски превоз (БРТ), во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). „Беше навистина тешко изминатиот период да се надминат сите пречки и предизвици кои беа поврзани со овој проект, но благодарение на целиот тим во Градот Скопје, благодарение на ЕБОР … Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека е распишана тендерската постапка за предквалификација за проектот за брз автобуски превоз (БРТ), во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). „Беше навистина тешко изминатиот период да се надминат сите пречки и предизвици кои беа поврзани со овој проект, но благодарение на целиот тим во Градот Скопје, благодарение на ЕБОР и поддршката на Владата, конечно денеска е распишана тендерската постапка. Процесот на аплицирање трае до втори ноември и ги повикувам сите заинтересирани компании и во земјата и во регионот да аплицираат на истиот за да имаме што поголема конкуренција. Конечно една од трите важни работи за скопјани поврзани со градскиот транспорт доаѓа до својот фотофиниш а тоа е БРТ“, нагласува скопскиот градоначалник.