Пратеници на Алијансата за иднината на Косово (ААК) денеска истурија јаглен пред влезот во зградата на Владата во Приштина, изразувајќи го своето незадоволство од енергетската ситуација и оценувајќи дека освен во енергетски, Косово е и во политички мрак. Пратеникот на Алијансата, Бурим Рамадани, рече дека во последните години Косово преминало од енергетски мрак во ситуација што тој ја смета за политички мрак. Со Курти и Самоопределување, Косово беше во енергетски мрак во последните шест или седум години, што ја држеше земјата во таа состојба, а сега се движи во политички мрак, рече Рамадани.