Обединетите Арапски Емирати соопштија дека ги прекинуваат сите трговски и финансиски трансакции со Иран, зголемувајќи го економскиот притисок врз Исламската Република, непосредно откако го обвинија Иран дека истрелал балистички ракети кон Емиратите. Одлуката е донесена „во контекст на регионалните ескалации што ги поткопуваат регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“, изјави Афра ал Хамели, портпаролка на Обединетите Арапски Емирати соопштија дека ги прекинуваат сите трговски и финансиски трансакции со Иран, зголемувајќи го економскиот притисок врз Исламската Република, непосредно откако го обвинија Иран дека истрелал балистички ракети кон Емиратите. Одлуката е донесена „во контекст на регионалните ескалации што ги поткопуваат регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“, изјави Афра ал Хамели, портпаролка на Министерството за надворешни работи на ОАЕ, во соопштение објавено доцна во вторникот.