Новата верзија е наменета да биде стандардно искуство за тинејџерите, а системот е развиен во сор Новата верзија е наменета да биде стандардно искуство за тинејџерите, а системот е развиен во соработка со Универзитетот Стенфорд, со функции кои имаат за цел да ги охрабрат учениците сами да решаваат проблеми, наместо „ChatGPT“ едноставно да им дава готови одговори, објавува „Fox Business“. Меѓу новите функции ќе бидат квизови и потсетници за одговорно користење на „ChatGPT“ при пишување домашни задачи, како и опција што му овозможува на тинејџерот или родителот да постави периоди во кои ќе се активира режимот на учење. Тинејџерите исто така ќе бидат предмет на построги правила во врска со самоповредување, насилство, нарушувања во исхраната, опасни активности и експлицитна сексуална и графичка содржина.