Американската компанија за вештачка интелигенција „OpenAI“ објави дека сите корисници Американската компанија за вештачка интелигенција „OpenAI“ објави дека сите корисници на бесплатната верзија на алатката „ChatGPT“ ќе добијат неограничен број текстуални разговори, со што се отстранува претходното ограничување за разговор. Бесплатните корисници и корисниците на пакетот „Go“ во иднина ќе го користат новиот модел „GPT-5.6 Luna“, кој станува стандарден модел наместо претходниот „GPT-5.5“. Покрај тоа, корисниците ќе имаат пристап и до нова опција за подлабоко размислување (Think) што му овозможува на моделот да користи повеќе компјутерски ресурси при решавање на посложени прашања, објавува „Tech Crunch“. „OpenAI“ нагласува дека ограничувањата сè уште ќе постојат за функциите што бараат повеќе ресурси, како што се работа со датотеки, гласовна комуникација, обработка на слики и генерирање нови слики.