Точењето погрешно гориво е една од оние грешки што може да му се случат секому.
„Доволни се замор, брзање или само момент на невнимание, а последиците може да бидат од релативно безопасни до исклучително скапи Најчестата грешка е точење бензин во дизел-автомобил, а причината е едноставна: пиштолите за дизел на бензинските пумпи најчесто се пошироки од оние за бензин, па затоа е многу потешко да се направи спротивната грешка.