Извршниот директор на „Nvidia“, Џенсен Хуанг, смета дека развојот на вештачката интелигенција (AI) ќе отвори стотици илјади нови работни места, особено во занаетчиските професии и работните места кои бараат практични вештини „Стотици илјади работни места се создаваат токму сега“, изјави Хуанг, посочувајќи ја изградбата на фабрики за чипови, компјутерски постројки и нови центри за вештачка интелигенција. Хуанг ги коментираше предупредувањата на коосновачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, кој смета дека вештачката интелигенција би можела да предизвика големи потреси на пазарот на трудот и да доведе до масовна невработеност. За разлика од Гејтс, Хуанг верува дека технологијата, иако ќе доведе до исчезнување на одредени работни места, истовремено ќе создаде уште поголем број нови професии.