Најмалку 73 лица се повредени во нападите на милицијата на јеменското шиитско Хутистичко движење врз Саудиска Арабија, соопшти во вторникот сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен, ветувајќи решителен одговор на најновото избувнување на непријателства. Хутистите, кои имаат сојузници во делови од јеменската армија а се регионален сојузник на Иран, ги контролираат најнаселените делови. Хутистите, кои имаат сојузници во делови од јеменската армија а се регионален сојузник на Иран, ги контролираат најнаселените делови од Јемен и поголемиот дел од северот а започнаа напади врз Саудиска Арабија откако прогласија поморска блокада на Ријад во јули, со напади насочени кон нејзините бродови во Црвеното Море, откако саудиските сили го бомбардираа и блокираа аердоромот во главниот град Саана во моментот кога од Техеран се враќаше цивилен авион со стотици цивили и функционери на движењето.