Копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, реагираа на судењето на поранешните водачи на Ослободителната… Копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, реагираа на судењето на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кое се одржува во Хаг и денешната очекувана пресуда. Во својата реакција, Меџити и Касами ја опишаа војната на ОВК како војна за слобода, достоинство и ослободување на Косово, додека изразија очекување дека судењето ќе заврши со одлука која, според нив, ќе ја потврди невиноста на поранешните водачи на ОВК. „Војната на Ослободителната војска на Косово беше војна за слобода, за достоинство и за ослободување на нашиот народ“, се вели во нивната реакција.