„Европскиот парламент денеска ќе расправа за погребот на воениот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, осуден за геноцид и други воени злосторства во Босна и Херцеговина, како и за величањето на воените злосторства во Србија.
Младиќ на 7 септември со државни и воени почести беше погребан на Топчидерските гробишта во Белград, што беше осудено од највисоките претставници на ЕУ, а еврокомесарката за проширување Марта Кос ја откажа посетата на Белград.
„И известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, повика на преиспитување на продолжувањето на преговорите со Србија поради начинот на кој беше организиран погребот на Младиќ.