„Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Случаи се пријавени во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Северна Македонија, Романија, Србија и други земји.
Во истиот период минатата година, девет европски земји пријавиле инфекции, во вкупно 67 региони.
„Повеќето инфекции со вирусот Западен Нил во Европа се јавуваат за време на сезоната на комарци, од пролет до есен, а врвот на преносот е помеѓу јули и септември.