Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера објави дека ЕУ ѝ пружа поддрш Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера објави дека ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија, откако земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала однесе повеќе од 200 животи и уништи илјадници згради и куќи. „Додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување, ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија секаде каде што е тоа можно“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“ (X). Таа изјави дека ЕУ става на располагање помош од два милиони евра за заедниците во најтешко погодените подрачја. Откако Колумбија го активираше Механизмот за цивилна заштита, работиме на тоа помошта да одговара на потребите на терен.