Премиерот на Велика Британија, Енди Барнам, доби занимлив предлог од поранешен член на Конзервативната партија во… Премиерот на Велика Британија, Енди Барнам, доби занимлив предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, кој подразбира создавање „Европска конфедерација“ во која би била и Македонија. Имено, поранешниот конзервативец Ник Боулс формално му предложи на Барнам да го поддржи создавањето зона на слободна трговија која би ги опфатила Европската Унија, Велика Британија, земјите од Западен Балкан, Норвешка, Швајцарија и Украина. Оваа зона на слободна трговија веќе постои меѓу државите членки на ЕУ, а е проширена и на Швајцарија и Норвешка.