Актерот Бен Афлек освои милион долари во хуманитарното издание на квизот „Кој сака да биде милионер?“. Со тоа се придружи на листата на познати личности кои во популарното шоу го освоиле максималниот износ, пишува „Mirror“ Во специјалното издание на квизот, познатите личности играат во пар со искусни квизаџии, а сите освоени средства се донираат во хуманитарни цели. Афлек играл заедно со Џејми Динг, поранешен шампион на квизот „Jeopardy!“. Тие играа за фондацијата „Eastern Congo Initiative“, која Афлек ја коосновал во 2010 година. Парот стигна до последното прашање за милион долари, кое гласеше: „Во рамките на годишната традиција за Денот на благодарноста, кое од наведените имиња не го носела мисирката што ја помилувал американскиот претседател?“. Понудените одговори беа: Peanut Butter & Jelly, Tater & Tot, Mac & Cheese и Spaghetti & Meatball.