Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес изјави дека му ветил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски,… Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес изјави дека му ветил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со кого разговарал по телефон, дека ќе испрати пресретнувачи на ракети во Украина. Го информирав претседателот Зеленски дека ја зајакнуваме нашата поддршка со испраќање пресретнувачи и продолжување на соработката, напиша Макрон на социјалната мрежа X еден ден по рускиот напад во кој загинаа 16 лица. Таа соработка е во согласност со состанокот по повод лансирањето на Коалицијата за антибалистички ракети одржана во Париз на 13 јули и декларацијата за намери потпишана на 17 ноември 2025 година, додава Макрон.